И годинава нема да изостане организираниот дочек на новата година на плоштадот во Кавадарци. Плоштадот е подготвен да ги прими сите граѓани кои ќе сакаат да се забавуваат. Од локалната самоуправа нагласуват дека годинава ќе се случи уникатна кав`даречка забава. Покровители се градоначалникот и советот, а организатор е домот на културата „Иван Мазов Климе“.
„Имињата на учесниците во програмата на 31 декември, самите по себе ветуваат луда и незаборавна ноќ проткаена со кавадаречка боемштина, музика за сите генерации и многу песна, оро и хумор. Забавата за испраќање на старата и дочекот на новата 2014 година започнува во 22 часот, а се планира да заврши после 1.30 часот на 1 јануари. Хепенингот на Душко Стефанов-Радио Галакси кој ќе настапи со програма насловена „Стенд Ап-Кавадарци 2013“ започнува од 22 часот. На централната бина покрај Стефанов забавата ќе ја зборати и Ди џеј Васко Чукарков.Тие дваца во тандем ќе ја загреват атмосферата со ретро забава преку најголемите музички хитови од 70-тите до денес како подарок за сите генерации“ рекоа организаторите.
Како што е предвидено во програмата, забавата потоа продолжува со настапот на кавадаречкиот рок бенд Смоук шејкерс, групата што ја одбележа 2013 година со добиената награда на интернационалниот фестивал во Бања Лука. Веднаш по нивното 45 минутно шоу ќе настапи кавадаречкиот боем и шоу мен Ристо Стојанов-Амиго со неговите пријатели.
Во првите часови од 2014 година граѓаните на плоштадот ќе ги развеселува и Јосо Андреев со пријателите со музички времеплов профилиран како спој на забавната и македоснката традиционална ороводна тиквешка музика.
И годинава на плоштадот за присутните ќе се бесплатно ќе се точат вино и сокови.
Ангел Данов

Додади коментар